Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ОСНОВНИ ДОКУМЕНТИ

ГОДИШНИ НАРАТИВНИ И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

 

Политиката на транспарентност е од особена важност во работата на Македонското здружение на млади правници. Ние сме горди на резултатите што сме ги постигнале и на довербата што ја добиваме од страна на граѓаните и нашите партнери кои ја препознаваат важноста и квалитетот на нашата работа. Со особен ентузијазам ги подготвуваме годишните наративните извештаи и преку нив може да се запознете со активностите што МЗМП ги има спроведено низ годините како и проектите на кои сме работеле.

Нашите финансиски извештаи се одраз на нашиот професионален пристап и на работата на тимот финансии кои се дел од МЗМП. Во последните 5 години освен задолжителните ревизии на проектите спроведуваме и ревизија на целокупното финансиско работење на организацијата каде што ревизорите имаат позитивна оцена дека работата на МЗМП е во согласност Законот за сметководство на непрофитни организации и стандардите за финансиско известување.